Прв оперски концерт во Струмица

Во организација на Општина Струмица, а под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев денес (06.09.2007 година, четврток) во фоајето на НУЦК “Антон Панов” – Струмица, со почеток во 20 часот ќе се одржи целовечерен оперски концерт на академскиот хор при АКУД “Мирче Ацев”- Скопје.

Оперскиот концерт ќе се одржи под диригентска палка на Маестро Томислав Шопов и солистите од Македонската опера и балет: Милена Арсовска – сопран, Гонца Богоромова – сопран, Игор Гиновски – тенор, и Ернест Ибраимовски – баритон, со клавирска придружба на Андреј Наумов и Томислав Шопов.

Настанот се организира по повод одбележувањето на празникот 8-ми Септември – независноста на РМ и 11 – ти Септември – ослободувањето на Струмица.

По тој повод ги покануваме сите граѓани – љубители на оперската музика да присуствуваат на овој несекојдневен настан.