Одбележување на независноста на Република Македонија и Денот на ослободувањето на Струмица

Почитувани граѓани, Ве покануваме да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод одбележувањето на  независноста на Република Македонија 8 ми септември и денот на ослободувањето на Струмица,11 Септември, што ќе се реализираат во деновите 06, 07, 08, 09, 10, и 11.09.2007 година во Струмица.

ПРОГРАМА

06.09.2007 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)

– 20,00 часот – Концерт на хор  и солисти од АКУД  “Мирче Ацев” – Скопје
Диригент –  маестро Томислав Шопов
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: Општина  Струмица

07.09.2007 ГОДИНА (ПЕТОК)

– 20,00 часот – Премиера на театарска престава “Враќање” од Харолд Пинтер
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица

08.09.2007 ГОДИНА (САБОТА)

– 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Гоце Делчев:
– Реч за историографијата на празникот;
– Полагање на свежо цвеќе;
– “- Да ти е вечна независноста Македонијо” Рецитал во изведба  на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот  на Гоце Делчев во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

– 19,30 часот – Свечено отварање на Фестивалот  на камерен театар “Ристо Шишков”.
Локација: НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител:  Советот на Фестивалот.

09.09.2007 ГОДИНА (НЕДЕЛА)

– 19,00  часот – Денови на италијанската култура
Локација:Римски терми – Бања Банско
Носител: Италијански културен центар “Џакомо Леопарди”

10.09.2007  ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

– 09,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од  средните училишта во Општина Струмица.
Локација: Сала во СОУ “ Никола Карев” Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

– 10,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од основните училишта во Општина Струмица.
Локација: Спортски терен при ОУ “Никола Вапцаров”-
Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

11.09.2007  ГОДИНА (ВТОРНИК)

– 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Револуцијата во Градскиот парк:
– Реч за историографијата на празникот;
– Полагање на свежо цвеќе;
– Револуционерна поезија во кажување на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот на  Револуцијата во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

– 10,30 часот- Засадување на дрвце  на другарувањето во Алејата на младите во Градскиот парк
Локација: Веднаш до Споменикот
Носител: Домот за деца и малди “Благој Мучето” Струмица

– 16,00 часот- Пријателски меѓународен натпревар
ФК  “Беласица” Струмица (пионери) – ФК”Левски” Софија (пионери)
Локација: Градски стадион “Младост” Струмица
Носител: Општина Струмица

– 20,15 часот –  Отварање на изложба на дела  од  44. Меѓународна струмичка ликовна колонија
Локација: Изложбен салон при НУЦК “Антон Панов“
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица.