Привршува реконструкцијата на спортските терени и игралишта

Овој месец целосно ќе заврши реконструкцијата и обновата на спортските терени и игралишта на територијата на општината. Изминатиот период се работеше на обнова на кошаркарските игралишта која опфати одбележување на игралиштата, бојадисување на конструкциите за кошеви и поставување на нови табли и обрачи.

Активностите од проектот ќе завршат во текот на овој месец со спортска манифестација која ќе се одржи на обновените игралишта.  Со реализацијата на овој проект, кој во целост беше финансиран од Општина Струмица, се обновија фудбалските, кошаркарските и одбојкарските игралишта во сите основни и средни училишта во градот како и игралиштата во населените места Баница, Банско, Добрејци, Костурино,  Градско Балдовци, Просениково, Муртино, Дабиље, Куклиш, Вељуса и Сачево.