Градоначалникот Јаневски им ја даде поддршката на лицата со посебни потреби во перформансот „Будење на човечноста“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, вечерва, беше меѓу своите сограѓани кои во центарот за култура „Антон Панов“ им ја дадоа својата поддршка на лицата со посебни потреби. На големата сцена беше изведен перформанс под мотото „Будење на човечноста“ по повод трети декември – Mеѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Перформансот го организираа јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ и здружението за култура и уметност „Сцена“ од Струмица. Во прекрасно изведениот перформанс, лицата со посебни потреби покажаа дека и невозможното можат да го направат возможно.