Денеска се асфалтираше во населеното место Сачево

По асфалтирањето на пет улици во населеното место Дабиле, денеска, се работеше во Сачево. Поставен е асфалтен слој на две улици и на централното подрачје на ова населено место. Според планираните активности и по завршените подготовки, Муртино е следното населено место каде што ќе се асфалтира. Овие градежни активности се реализираат согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година на општина Струмица и се финансираат од општинскиот буџет.