Поради интервенции на ЕВН на браната „Турија“ ќе биде прекинато водоснабдувањето во градот и три села

Се известуваат корисниците на вода од водоснабдителниот систем на град Струмица и населените места Дабиље, Просениково и Градско Балдовци дека  ќе дојде до прекин на дотурот на сирова вода до филтер станицата. До прекинот ќе дојде заради интервенции од страна на ЕВН електрани на браната „Турија“ и поради тоа денеска, во периодот од 18ч. до 24ч. ќе биде прекинато водоснабдувањето.