Со детскиот маскенбал започнаа карневалските празнувања во Струмица

Со карневалската забава на најмладите струмичани која што синоќа се одржа во ресторанот „Golden Hall Cosmopolit“ започнаа овогодинешните карневалски празнувања во Струмица. На овој детски маскенбал кој што се одржа по трет пат учествуваа околу 250 деца маскирани во најразлични маски. Јован Багашовски и Тања Андонова беа избрани за принц и принцеза кои ќе ја предводат поворката на детскиот карневал кој ќе се одржи во недела со почеток во 11 часот од градското корзо до плоштадот „Гоце Делчев“.