ООУ „Маршал Тито“од Струмица го одбележа патрониот празник

Со музички и рецитаторски настапи на учениците, во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска беше одбележан патрониот празник. Манифестацијата беше збогатена со настап и на ученици и наставници од општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од населеното место Дабиље, како дел од мултиетничката и интеркултурната соработка во претходниот период.

Не можеме, а да не кажеме дека и оваа учебна година нашите ученици учествуваа на поголем број натпревари и тоа општински, регионални и државни  на кои постигнаа забележителни успеси. Сакам јавно да ги пофалам учениците и нивните ментори кои го афирмираа нашето училиште во општината и пошироко, рече во своето обраќање Благица Устапетрова, директор на училиштето.Посебен дел, како завршна фаза, беше посветен и на активностите од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој ги опфати досегашните наставни и воннаставни содржини. Во оваа прилика беше промовиран и речникот на архаични зборови-турцизмот во македонскиот јазик, изработен од учениците и наставниците од училиштето.На одбележувањето на патрониот празник присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.