Продолжува хортикултурното доуредување во Струмица

Редовната неколкумесечна акција на Општина Струмица и ЈПКД ,,Комуналец,, за хотикултурно и друг вид уредување на градот, продолжува со несмален интензитет.  Вработени во Работната единица ,,Зеленило,, деновиве реализираат активност на доуредување на големиот кружен тек кој ги спојува улиците ,,Гоце Делчев,, и ,,Младинска,, .

Естетскиот лик на кружниот тек се збогатува со нови разновидни цвеќиња, а се чистат и банкините на истиот.  Според информациите од надлежните служби на ЈПКД ,,Комуналец,, , банкини се чистат и на просторот пред ,,Стопанска банка,, а се врши чистење и на делот од струмичкиот плоштад пред споменикот ,,Гоце Делчев,, . Најавите од комуналното претпријатие велат дека таквите активности во централното градско подрачје ќе продолжат и во наредниот период.