Бесплатен курс по англиски јазик за првоодделенците во Дабиле и Куклиш со поддршка од општина Струмица

Здружението за образовно – едукативни цели ДМ ЛЕНГУИЏЕС ќе спроведува едномесечен бесплатен курс по англиски јазик за учениците во прво одделение во општинските основни училишта во населените места Дабиле и Куклиш. Курсот е дел од активностите предвидени со проектот „Претставување на Западно-Европските цивилизации“ кој што е финансиран од буџетот на Општина Струмица преку Програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2015 година .