Ученици од СОУ „Никола Карев“ ќе учествуваат на натпревар по дизајн во Бугарија

На покана на факултетот за уметност и дизајн „Неофит Рилски“ од Благоевград, Република Бугарија, денеска, ученици од средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица ќе учествуваат на традиционалниот национален натпревар по дизајн на дипломци и постдипломци од цела Република Бугарија. На натпреварот ќе учествуваат четири ученици со девет модели, а моделите ќе бидат презентирани од осум ученици од училиштето. Учениците ги придружуваат наставниците Македонка Јанкулова и Зоран Петков. Учеството на овој голем натпревар е можност за презентирање на стекнатото знаење и за размена на искуства.