Со прекрасниот концерт на „Тримери“ завршија карневалските празнувања во Струмица

Со концертот на ансамблот „Тримери“ кој што се одржа синоќа во големата сала во домот на АРМ, заврши богатата програма на струмичкиот карневал 2017. Салата беше преполна со луѓе кои уживаа во прекрасниот настап на членовите на овој ансамбл кои ги испочитуваа и тримерските обичаи. На концертот на ансамблот „Тримери“ присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.