Градоначалникот Костадинов им го честиташе 8 март на жените во општинската администрација

Со скромен подарок, но од срце и искрени честитки, вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на почетокот од работниот ден им го честиташе осми март на сите жени вработени во општинската администрација. Тој лично ги посети жените на своите работни места подарувајќи им цвеќе и посакувајќи им здравје, среќа, успех, а им честиташе и за нивните придонеси во развојот на општината и општеството во целост.Вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов, меѓународниот ден на жената, им го честита на сите жени во општина Струмица.