Парталов: Лага е дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори

Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, денеска, одржа прес конференција, а по повод соопштението од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Почитувани,

Ниту една конструкција на сваровски судството на фамилијата, нема да ги спречи промените во Република Македонија, што ќе донесат правда и живот и за граѓаните на Струмица и за сите граѓани во државата.Лага е дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори, поради што Јавното обвинителство под раководство на Марко Зврлевски, придружник по балови на Сашо Мијалов одлучило да спроведе истражна постапка за висок функционер во општина Струмица.Не е точно дека се работи за една улица туку се работи за четири посебни улици. Еве ги улиците, јасно се гледа, се работи за четири улици. Улиците дури и не се наоѓаат во непосредна близина. За нив е извршена посебна проценка при што е утврдена поединечна вредност за секоја улица и нивната вредност поеднинечно не надминува  5.000 евра.Врз основа на пресметките за секоја улица посебно, е изготвен Годишен план за јавните набавки, при што согласно проценетата вредност, а и согласно Законот за јавни набавки е  предвидена постапка со барање за прибирање понуди.Согласно Законот за јавни набавки, член 100, договорниот орган, во случајот општина Струмица, законски спровела четири постапки бидејки се работи за четири различни улици и тоа постапки со Барање за  прибирање на понуди без објавување на оглас за секоја улица поединечно. Тоа законот така го пропишал!Целокупната документација на општина Струмица е јавна и транспарентна, општината така работи и така ќе продолжи да работи.За брзо време граѓаните на Македонија ќе добијат нова одговорна Влада којашто ќе ги заштити граѓаните од хајки и нарачки од тевтерчиња од партиски штабови и ќе обезбеди функционирање на правната држава. А за сите злоупотреби ќе има одговорност.