По првото пријавување останаа 316 слободни места во трите средни општински училишта

По првото пријавување во првиот уписен рок за учебната 2014/2015 година, во трите средни општински училишта во општина Струмица се запишаа 814 ученици и останаа вкупно 316 слободни места.

Најголем број слободни места или 155 има во средното општинско училиште „Никола Карев“ и тоа 48 слободни места има во четиригодишното образование и 107 во тригодишното образование. Во училиштето „Јане Сандански“ има 127 слободни места и 34 слободни места по првото пријавување останаа во средното општинско училиште „Димитар Влахов“.Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишувањето на учениците ќе се врши на 30 јуни и први јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 3 јули 2014 година.