Градоначалникот на Општина Струмица упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев до сите верници од исламска вероисповед упатува честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам, посакувајќи им во деновите кои се слават по светиот месец на постот мир, радост, среќа и добро здравје во секое семејство и секој дом.

– Нека овој празник биде наша заедничка водилка за подобро денес и за наша заедничка посветла иднина -.

Честит Бајрам – Бајрам Мубарек