Проектните тимови на Струмица и Кукуш интензивно го реализираат заедничкиот проект „Наследство“

Инаку, најзначајните проектни активности се втора фаза на реконструкција, реставрација и конзервација на тврдината „Цареви Кули“ во Струмица, а од грчка страна, главната активност е конзервација, реставрација и реконструкција на делови од црквата „Свети Ѓорѓи“ во Кукуш. Преку овие активности проектните партнери ќе се обидат да направат една историска реконструкција на културното наследство од прекуграничниот регион под слоганот „Од Струмица до Кукуш на патот на нашите предци“.

Овој проект беше еден од најдобрите дваесет проекти кои што беа одобрени за доделување на грант. Соработката помеѓу општина Струмица и општина Кукуш ќе продолжи и по реализацијата на овој проект во други сектори како што се бизнис, локалниот економски развој, туризмот и други. Се надеваме дека со општина Струмица ќе имаме можност да имплементираме и други проекти во иднина кои уште повеќе ќе ја продлабочат соработката меѓу двете општини, рече Панајотис Амиридис, координатор на проектот од општина Кукуш.   Проектните партнери од Кукуш изразија задоволство од досегашната реализација на проектот.-Преку овој проект, општина Струмица и општина Кукуш, воспоставија плодна и успешна соработка, пред се поради размената на искуства и знаења, комуникации и информации и сето тоа во насока на остварување на крајните цели на проектот, како што се, промовирање на атрактивноста на прекуграничниот регион Струмица – Кукуш за посетителите, туристите и инвеститорите, зголемување на ефективноста и ефикасноста на практичната работа и создавање на едно силно партнерство за одржлив економски развој во прекуграничниот регион, рече Драган Гонев координатор на проектот од општина Струмица.Во рамките на спроведувањето на активностите од проектот „Наследство“ финансиран со средства од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 година, општина Струмица, денеска организираше координативен состанок на проектните тимови од двете земји, чија што цел беше усогласување на динамиката при спроведувањето на проектните активности. На состанокот учествуваа проектните тимови од двете земји, односно од трите проектни партнери и тоа општина Струмица од македонска страна која ја има улогата на водечки партнер во проектот, а од грчка страна учествуваа општина Кукуш како втор и подрачната единица Кукуш како трет проектен партнер. Тимовите дискутираа за досегашните проектни достигнувања, за заедничките и индивидуалните активности и постигнатите резултати, а се дискутираше и за финансиското управување со проектот, како и за информативните и промотивните активности  кои се во согласност со правилата за видливост на Европската унија.
Проектните тимови на Струмица и Кукуш интензивно го реализираат заедничкиот проект „Наследство“