„Комуналец“ го чисти поројот „Васил Главинов“

По комплетното чистење на поројот „Крушевска Република“, вработените во единицата „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на поројот „Васил Главинов“. Рачно и со механизација се врши генерално чистење на поројот од треви и разновиден отпад фрлен во него.