Делегација од општина Струмица на одбележувањето на празникот на општина Петрич

Трочлена делегација на општина Струмица во состав, Костадин Костадинов, вршител на должноста градоначалник, Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица и Кирил Парталов секретар на Општината, престојуваа во дводневна посета на општина Петрич.

Тие присуствуваа на сите свечености и манифестации кои беа организирани по повод Ѓурѓовден – празникот на Петрич.Во предвечерието на големиот христијански празник Ѓурѓовден што всушност претставува и празник на вашиот град, ми претставува особено задоволство што сум овде меѓу вас и што ја имам можноста да ви се обратам во името на граѓаните на општина Струмица, да ви го честитам празникот да ви посакам здравје, мир  и благосостојба во вашите домови и нормално прогрес каков што заслужува општина Петрич. Она што заеднички и со задоволство можеме да го констатираме е дека Струмичани и Петричани со векови се дружат и ги негуваат традициите и ако земеме да кажуваме за сите тие дружби и убави спомени во кои уживаме сите ние како граѓани ќе ни треба една недела. Јас ќе се држам на она што е најважно, а тоа е дека јас и мојот колега Брчков правиме максимални напори, покрај тоа што ја негуваме таа вековна традиција, туку и ја продлабочуваме соработката во делот на економијата, културата, спортот, туризмот и во некои други области. Како плод на тие наши напори беше и Меморандумот за соработка и добро пријателство кој што го потпишавме пред некое време, во кој јас и мојот колега искрено веруваме. Нема да должам многу, за крај уште еднаш да ви го честитам празникот, да ми бидете секогаш така насмеани и весели и ви благодарам искрено и од срце, рече Костадинов.Општина Струмица и општина Петрич во месец март годинава потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка.