Ученичката Нена Тодорова од Дабиле го освои првото место на државната Олимпијада на млади техничари

Во организација на Народна техника на Македонија во Прилеп се одржа државна Олимпијада на млади техничари и природници во Прилеп. Учесниците на натпреварот се натпреваруваа по повеќе дисциплини. Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле го претставуваше ученичката Нена Тодорова од 9 одделение под менторство на наставничката Зорица Андонова. Ученичката се натпреваруваше во областа Климатологија со метеорологија,  на тема Метеоролошки податоци за прогноза на болести во земјоделието и го освои првото место.