Во завршна фаза е започнувањето на изградбата на кружниот тек на крстосницата кај Жито Струмица

Проблемот со сообраќајниот метеж на крстосницата на булеварите „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“ кај Жито Струмица ќе биде решен. Општина Струмица интензивно работеше на решавањето на овој проблем во изминатите неколку месеци и по сите добиени согласности од надлежните органи и изработката на проектот, во завршна фаза се активностите за започнување со изградбата на кружниот тек. Овој градежен зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица и со него полесно ќе се регулира сообраќајот на патнички и товарни моторни возила на една од пофреквентните крстосници во градот. До изградбата на кружниот тек се препорачува поголема внимателност и почитување на поставените сообраќајни знаци.