Се одржаа фудбалски натпревари во рамките на воспоставената соработка меѓу општините Струмица и Петрич

Воспоставената соработка меѓу општина Струмица и општина Петрич, Република Бугарија, изминатите денови продолжи во областа на спортот. Во населеното место Коларево (пштина Петрич) се одиграа три фудбалски пријателски натпревари помеѓу домашната екипа на фудбалскиот клуб „Беласица“ од Петрич и фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица.

Исто така настапија и девојките од „Беласица“ од Петрич и женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица. Во првиот натпревар играа девојките на Беласица Петрич (младинки) со ЖФК Тиверија Струмица (кадетки). Натпреварот заврши со резултат 0:0. Во другите два натпревара во генерацијата 2006-2007 натпреварот заврши со резултат 1:1, додека пак во генерацијата 2004-2005 поуспешна беше струмичката „Беласица“ со резултат 0:2. Струмичките спортисти се задоволни од гостувањето во општина Петрич и од гостопримството на домаќините, а во наредниот период ќе има возвратни натпревари во Струмица согласно слободни термини за клубовите.