Општинската администрација и денеска ја потврди својата хуманост

Во Заводот за трансфузиона медицина, општина Струмица денеска спроведе крводарителска акција. Со големиот одзив, општинската администрација уште еднаш ја потврди својата хуманост и солидарност во спасување на нечиј човечки живот. Оваа 23-та по ред крводарителската акција, општина Струмица ја реализираше во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина.