Реализирана обука за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата со примена на индикатори

Во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка на општина Струмица преку Општинскиот совет за БСП, за претставници од општините кои се во надлежност на регионот на МВР-СВР Струмица, во просториите на Домот на АРМ, се одржа обука за примена на индикаторите за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Според презентираните методи за мерење на најважните индикатори за безбедноста во сообраќајот, општината има важен удел особено во мерењето на показателите кои се однесуваат на патната мрежа и обележаните пешачки премини, како се користат во дневни и ноќни услови, какво влијание има врз пешаците и како тие се однесуваат како категорија во сообраќајот. Мерења ќе се вршат и на индикатори кои се однесуваат на возачите, на брзината на возење, на возилата и употребата на заштитните системи во возилата. Како претставници од општина Струмица, на обуката присуствуваа стручни лица од одделението за инспекциски работи во патниот сообраќај, локалните патишта и улици, одделението за комунални работи и општинскиот совет за БСП од Струмица.