Поради дефект ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува учесниците во сообраќајот дека поради дефект на на вертикалната светлосна сигнализација (семафори) на крстосницата меѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“, истата ќе биде исклучена се до отстранување и санирање на дефектот од надлежните служби. Сообраќајот ќе се регулира преку сообраќајни знаци. За овој случај е известен Секторот за внатрешни работи во Струмица за нивно, согласно Законот, понатамошно постапување.