Ќе се поставуваат контејнери за стаклен отпад

Во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата „Пакомак“ од Скопје, одговорна за отпад од пакување, од утре, ќе започне поставувањето на контејнери наменети исклучиво за отпад од стакло. Од „Комуналец“ информираа дека ќе бидат бидат поставени вкупно 15 контејнери на 15 локации, односно, пред ресторани и хотели, каде што и најмногу го има отпадот од стакло. Целта на поставувањето на ваквите контејнери е да го намали стаклениот отпад на депонијата.