Поставен е втор слој асфалт на улицата „Сава Ковачевиќ“

На улицата „Сава Ковачевиќ“ во Струмица, на потегот од улицата „11 Октомври“ до улицата „Моша Пијаде“, поставен е втор слој асфалт. Асфалтирањето се реализираше согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица, а на вкупна површина од 1.400 метри квадратни. За овој градежен зафат беа обезбедени средства од општинскиот буџет.