Министерот за локална самоуправа Фазлиу ја посети општина Струмица

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, со своите соработници, денеска, ја посети општина Струмица. Тој на вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, му ја честиташе 73 – годишнината од ослободувањето на Струмица посакувајќи продолжување на успешниот развој на Општината.