Делегација од Електростаљ во посета на општина Струмица

Делегација од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, од денеска е во неколкудневна посета на општина Струмица. Посетатата започна во градинката „Детска радост“ каде што двете руски гостинки на дечињата им испеаја детски песнички, а претставниците на градот Електростаљ подарија фотографии и книги. Гостите ја посетија и библиотеката „Благој Јанков Мучето“ каде што донираа 300 книги, а се запознаа и со работата на винаријата „Далвина“. За време на престојот во Струмица, домаќините и гостите ќе одржат и неколку официјални средби на кои со нови предлози и идеи ќе се зацврсти соработката која беше воспоставена во 2013 година со потпишувањето на Спогодбата за збратимување и пријателство помеѓу Електростаљ и општина Струмица.