Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), вршителот на должноста Градоначалник на општина Струмица, распишува

Ј а в е н  п о в и к

за доставување на иницијативи за изработка на

урбанистички планови

  1. Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови, согласно член 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно за изработка и донесување на:
  • детален урбанистички план;
  • урбанистички план за село; и
  • урбанистички план за вон населено место.
  1. Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
  1. Иницијативата може да се поднесе во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и комунални работи при Општина Струмица.
  1. Секој подносител на иницијатива, во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи, ќе биде известен за прифаќањето односно неприфаќањето на иницијативата со образложение, преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
  1. Средствата за изготвување на потребната документација, за прифатените иницијативи, треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.
  1. Овој Јавен повик трае 31 ден од денот на објавувањето.

Бр. 09-6033/2                                              Вршител на должност

25.09.2017 год.                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

С т р у м и ц а                                              на општина Струмица,  Костадин Костадинов