Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Јавни установи

Јавни установи

ЗДРАВСТВЕН ДОМ - СТРУМИЦА

ЈЗУ Здравствен дом Струмица е здравствена установа од примарна здравствена заштита во која се вработени 233 работника со следнава професионална структура:

Професионална структура

Број на вработени

Лекари специјалисти

15

Лекари општа пракса

29

Лекари на специјализација

4

Стоматолози специјалисти

10

Стоматолози

12

Стоматолози на специјализација

4

Средно медицински персонал

115

Останати

44

Вкупно:

233

Вработените се поделени во повеќе служби и тоа:

1

Општа болница со домашно лекување

2

Трудова медицина

3

Спортска медицина

4

Педијатрија

5

Гинекологија со породилно Ново Село

6

Школска медицина

7

Лабараториска дејност

8

Депо за лекови

9

Стоматологија

10

Административно-техничка служба

11

Центар за ментално здравје


ЈЗУ Здравствен дом – Струмица дава здравствени услуги на територија на општините: Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.Службата за трудова медицина, Спортска медицина, Педијатрија и Школска медицина-специјалистички ординации се наоѓаат во кругот на т.н. Нова Болница на ул.„Младинска“ бб. Амбулантите по општа медицина се лоцирани во зградата на т.н.: Стара Болница на ул.„Димитар Влахов„ каде е сместена и Службата за итна медицинска помош со домашно лекување и Стоматолошката служба. Амбулантата по општа медицина има во 4 УЗ во Струмица, како и населените места Ново Село - општи амбулант и породилиште, како и во населените места Дражево, Сушица, Куклиш, Костурино, Попчево, Вељуса, Дабиље, Муртино, Моноспитово, Мокриево, Босилово, Турново, Василево, Иловица, Просениково, Пиперево.

ЈЗУ Здравен дом Струмица располага со 3 транспортни санитетски возила. ЈЗУ Здравен дом има свое Депо за лекови, во кое има вработено еден дипломиран фармацевт и еден фармацевтски техничар.

ДОМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ „БЛАГОЈ МУЧЕТО“ - СТРУМИЦА
ул.Боро Џони бр.16, тел.034/325-052

Грижата за правилно културно воспитување на младата генерација е основната задача на целокупната општествена заедницаа посебно на работата на Домот за деца и млади “Благој Мучето”.
Во домот децата и младите се ангажираат во нивното слободно време на колективни општествени занимања, како и индивидуални активности за кои покажуваат интерес, како и грижа за докажување. Со разни форми на работа се овозможува средба на децата за забава, игра и слично при што се води грижа при концептирањето на содржината за работа, а се тргнува од идејните позиции на нашето општество потпирајки се на културно научна и хумана основа. Се настојува поврзување на децата и младите од сите училишта во општината, регионот како и од државата и надвор од неа. Соработува со сите организации и асоцијации што собираат деца и млади во своите редови како и со стопаски организации.   
Стекнатите знаења и умеења и творечките докажувања децата ги применуваат во практика преку разни форми на манифестации како: културно забавни програми, литературни читања, ликовни и литературни конкурси, квиз натпревари, изложби, драмски и куклени претстави, организирање на детски средби и гостувања, посета на културно историски знаменитости и слични манифестации.
Во домот децата членуваат во повеке клубови односно секции за кои покажуваат интерес како: рецитаторска, литературна, новинарска, драмска, пеачка, фолклорна, ликовна, музичка, модерен балет, млади археолози, и други активности за кои изразуваат желба.
Со организиран однос се придонесува за севкупен развој на детската личност, срекно детство и подготовка на децата за креативен живот и работна активност во иднина.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544