Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Општинска администрација

Територијална професионална противпожарна единица

Територијалната професионална противпожарна единица ги врши следните работи:

- гасење на пожари на подрачјето на Општината;
- отстранување на непо-средната опасност за настанување на пожар;
- спасување на живот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
- укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
- извршување на други работи при несреќи и непогоди;
- врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
- заедно со територијалните противпожарни единици на општините на РМ утврдени со Закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
- давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
- водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општината  за тоа;
- периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната профе-сионална противпожарна единица;
- тековна проверка и одржување на механиката;
- давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации,  јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
- врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
- едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
- врши и други работи што ќе и бидат доверени.

Командир на ТППЕ: Мијалче Крстев

Инспекторат - Сектор за инспекциски работи

Инспекторатот- Секторот за инпекциски работи врши работи и работни задачи кои се однесуваат на:

- инпекциски надзор и контрола на  примената на Закони и други прописи и акти донесени врз основа на Закон
- инпекциски надзор и контрола на примената на прописите и актите донесени од страна на органита на општината и
- презема мерки за отстранување на сите неправилности при примена на истите, во согласност со закон.

Одделението за инспекциски работи во патниот сообраќај, локалните патишта и улици, комуналиите, урбанизмот и заштитата на животната средина врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на области за кои со закон е надлежна општината.

Раководител: Ѓорги Бонев Тел. 034/348-030

Одделението за инспекциски работи во образованието и финансиите врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на организацијата на работата на основните и средните училишта во општината, утврдувањето и наплатата на општинските даноци и такси и други инпекциски работи за кои со закон е надлежна општината.

Раководител: Зоран Узунов Тел. 034/348-030

Сектор за финансии и буџет

Секторот за финансии и буџет ги врши работите што се однесуваат на:

  1. собирање, утврдување, евиденција и наплата на приходите на општината;
  2. подготвување на буџетот и завршната сметка како и други акти од областа на финансирањето;
  3. евиденција на имотот на општината;
  4. извештаи за состојбите на сметките на општината
  5. работи од материјално финансиските работи;
  6. финансиско сметководствени работи на органот на обликот на месната самоуправа;
  7. други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот

Одделението за буџет и сметководство го подготвува буџетот и завршната сметка како и други акти од областа на финансирањето; води евиденција на имотот на општината; поднесува извешати за состојбите на сметките на општината; врши материјално-финасиски работи; врши финансиско сметководствени работи на обликот на органот на месната самоуправа; како и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Евгенија Граматикова Тел. 034/348-030

Одделението за администрирање на приходите ги врши работите кои се однесуваат на: планирање и утврдување на приходите; евиденција на наплата -собирање на локалните даноци и такси на општината утврдени со Закон; дел од приходите од персонален данок од доход и други даноци утврдени со Закон; идентификација и регистрација на имотот на даночните обврзници; врши и други работи кои ќе му  бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Душко Василев Тел.034/345-192

Сектор за локален економски развој

 

1. Заштита на животната средина и природа

2. Планирање на локалниот економски развој

 

Одделението за заштита на животната средина ги врши работите што се однесуваат на: заштита на животната средина и природата; мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјиштето;  заштита од бучава и нејонизирачко зрачење; врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Ѓорги Димитриевски Тел. 034/327-712

Оделението за локален екомоски развој извршува работни задачи кои се однесуваат на: планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; подршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво; учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа  на институции и агенции и промовирање на партнерство; врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот

Раководител: Тони Милушев Тел. 034/348-024

Сектор за урбанизам и комунални работи

Секторот за урбанизам и комунални работи, ги врши следните работи:
- урбанистичко планирање, издавање на одобренија за  градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

  1. комуналните дејности;
  2. други работи кои ќе бидат доверени од Советот и Градоначалникот

Раководител на сектор: Стојан Динев  Тел. 034/323-477

Одделението за урбанизам ги врши следните работи: урбанистичко (урбано и рурално) планирање; учествува во постапката за изработка, донесување, изменување и дополнување на Генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистичка документација на населено место, општ акт за условите за градба на објекти во населено место, урбанистички проекти и друга урбанистичка документација; покренува иницијатива за изработка, дополнување и изменување на урбанистичките планови; ја следи реализацијата на урбанистичките планови; изготвува програми за урбанистичко планирање и уредувањето на градежното земјиште; издава одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон; се грижи за уредувањето  на просторот и уредувањето на градежното земјиште; врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот. 
Раководител: Тел. 034/321-534

Одделението за комунални работи ги врши работите што се однесуваат на: снабдување со вода за пиење; испорака на технолошка вода; одведување и прочистување на отпадните води; јавното осветлување; одведување и третман на атмосферските води; одржување на јавната чистота; уредување и организирање на јавниот локален превоз; снабдување со природен гас и топлинска енергија; одржување на гробиштата; изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќај; изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација; изградба и одржување на јавниот простор за паркирање; отстранување на хаварисани возила од јавните површини; изградба и одржување на пазарите; чистење на оџаците; одржување и користење на зеленилото; регулација, одржување и користење на речните корита во урбаните делови; определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; врши и  други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Тел. 034/321-534

Сектор за правни, административни и општи работи

Секторот за правни, административни, општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:

• подготвува акти за Советот и Градоначалникот;
• ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите работни тела;
• врши стручни работи за Советот и Градоначалникот
• ракува со документите на општината и ги чува се до нивното  уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ;
• ја следи состојбата во јавните дејности;
• соработува со невладините органи-зации;
• организира непосредно контактирање и информирање на граѓаните;
• работи  на управување со човечки ресурси;
• врши информатичко-технички работи; и
• врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на: изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот,  дава мислења на актите  од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања, врши стручни и организациони работи за Советот и градоначалникот, ракува со документите на  општината, врши одржување и унапредување на информатичко- комуникациските системи на општината, работи на унапредувањето на прашањата  поврзани со човечки ресурси, го изготвува службеното гласило на општината, работи и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Јорданка Заева, Тел. 034/348-030

Одделението за административна поддршка на Градоначалникот ги следи Законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот, го планира и организира работниот протокол на Градоначалникот и се грижи за негово извршување, изготвува известувања за јавноста за работи од надлежност на Градоначалникот, врши и други работи доверени од Градоначалникот.
Раководител: Никола Годев, Тел. 034/348-030

Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа, ги врши следните работи: обезбедува контакт со граѓаните и облиците на месната самоуправа; ги информира граѓаните за остварување на нивните права; ги прибира барањата и ги доставува до надлежните служби и повторно им ги враќа на граѓаните, дава општи информации на граѓаните од областа на добивањето на одредени услуги во надлежност на општината: како и информации за надлежностите на општинските органи и јавните претпријатија; контакт со претставниците на облиците на месна самоуправа како и следење на работата на органот на обликот на месна самоуправа, врши администртативно-технички работи за органот на обликот на месна самоуправа и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Раководител: Борис Димитријев, Тел. 034/348-030

Одделението за јавни дејности ги следи, проучува и применува законите, прописите и општите акти кои се однесуваат на образованието, здравствената и социјалната заштита, културата, спортот, цивилната и противпожарната заштита и врши работи од овие области, за кои со закон е надлежна општината.
Тел.034/348-030

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544