Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Основни училишта

ОУ “САНДО МАСЕВ”

Наставата започнала во 1950 година, а во денешните простории школото се наоѓа од 1962 година. Во негов состав влегуваат и подрачните школи во с. Баница и с. Водоча. Во оваа учебна година има запишано 1236 ученика, кои учат во 50 паралелки (3 се забавишта). Во школото има 70 вработени, од кои 58 се во наставниот дел.

ОУ “МАРШАЛ ТИТО”

Училишната зграда е градена во периодот од 1926 до 1931 година на место на поранешната црква "СВ. Димитар". Со настава е почнано во 1931 на српски јазик, а од октомври 1944 година е на македонски јазик. Во неа била сместена гимназијата "Јане Сандански", во периодот од 1944 до 1947 година. Во негов состав се подрачните училишта Попчево и Рич. Во наставниот процесс се вклучени 715 деца, кои учат во 30 паралелки. Бројот на вработени лица е 56, од кои во настава се 47.

OУ “ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ”

Наставата започнала во 1959 година, а од тогаш датира и училишната зграда. Школото порано го носеше името "Моша Пијаде" , а од пред некоја година го носи денешното име. Во моментот овде учат 1200 ученика во 42 паралелки. Во училиштето има вработено 67 луѓе, од кои 52 се во наставата.

OУ “НИКОЛА ВАПЦАРОВ”

Со настава започнало во 1980 година, а од тогаш датира и зградата на училиштето, каде денес се изведува наставата. Во негов состав е подрачното училиште во Градско Балдовци. Во рамките на училиштето има 40 паралелки, кои ги посетуваат 911 деца. Во училиштето работат 67 луѓе, од нив 52 се во наставниот дел.

OУ “ДАМЕ ГРУЕВ” с.Куклиш

Во рамките на училиштето има 4 паралелки – подготвителна година на основно образование со вкупно 50 ученици и персонал од 4 воспитувачи. Во основното образоние има 30 паралелки со вкупен број на ученици 497 и вкупно наставници 35.

OУ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” с.Дабиле

Во рамките на училиштето има 1 паралелка – подготвителна година на основно образование со вкупно 16 ученици и 1 воспитувачи. Во основното образоние има 13 паралелки со вкупен број на ученици 296 и вкупно наставници 20.

OУ “МАРШАЛ ТИТО” с.Муртино

Во рамките на училиштето има 6 паралелки – подготвителна година на основно образование со вкупно 84 ученици и персонал од 6 воспитувачи. Во основното образоние има 37 паралелки со вкупен број на ученици 775 и вкупно наставници 47.

OУ “ГЕРАС ЦУНЕВ” с.Просениково

Во рамките на училиштето има 2 паралелки – подготвителна година на основно образование со вкупно 50 ученици и персонал од 2 воспитувачи. Во основното образоние има 22 паралелки со вкупен број на ученици 511 и вкупно наставници 31.

OУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” с.Вељуса

Во рамките на училиштето има 1 паралелка – подготвителна година на основно образование со вкупно 16 ученици и  1 воспитувач. Во основното образоние има 11 паралелки со вкупен број на ученици 219 и вкупно наставници 19.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544