Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Детски градинки

Јавна општиска установа за деца  - Детска градинка "Детска радост" - Струмица
тел.034/323-975

ЈОУДГ “Детска радост”  е предучилишна организација за комбинирана дејност (јасли, градинка и воспитни групи со полудневен престој - подготвителна група), во кој се остварува згрижувачка и восптно - образовна работа, превентивна здравствена заштита и исхрана на децата.
Оваа година ке се реализира постојана програма за целодневен престој од 12 часа за деца од 9 месеци до 2 години и за деца од 2 до 6 години, и програма од полудневен престој од 5 часа во текот на денот за подготвителна група кои просторно работат во ЈОУДГ. Работното време на ЈОУДГ со деца од јасли и градинка е од 05,30 часот до 17,30 часот.
Објектите на ЈОУДГ “Детска радост” се лоцирани 5 во градот и 1 во Ново Село, и сите се добро комуникациски поврзани во градската патна мрежа. Оваа учебна година дејноста се обавува во 6 објекти.

Работна единица К-1 е лоцирана на ул. Кочо Рацин бр.7. Капацитетот на објектот е за 40 деца. Има опфатено две групи со целодневен престој. Објектот ги задоволува сите потребни услови.
Работната единица К-2 е лоцирана на ул. Ѓуро Салај бр.2.  Вкупниот капацитет на објектот е 100 деца. Тој е прв објект за прифакање на деца од предучилишна возраст пуштен во употреба 1969 година.
Работна единица K-3 е лоцирана на улица Младинска бр.1. Објектот е пуштен во употреба 1972 година, наменски граден, и наменет за прифакање на деца од јасли, градинка и подготвителна група, со проектиран капацитет од 175 деца.
Работната единица К-4 е лоцирана на улица Брака Миладиново бб. Објектот е пуштен во употреба 1976 година и е наменет за прифакање на деца од јасли, градинка, и подготвителна група со капацитет од 140 деца.
Работната единица К-5 “Ново село” е лоцирана на улица Првомајска 16 во Ново село. Објектот е пуштен во употреба 1977 година и е наменет за прифакање на деца од јасли, градинка и подготвителна група со капацитет од 80 деца.
Работната единица К-6 е лоциран на улица Младинска бр.122. Објектот е пуштен во употреба 1977 година и е наменет за прифакање на деца од јасли и градинка со капацитет од 130 деца.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544