Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Шумарство

Вкупната површина под шуми во општина Струмица изнесува 18.860 (ha)
• високостеблени површини спаѓаат:
бука 1.373(ha) или 7,2%, горун - 243(ha) или 1,2%, црн бор - 570(ha) или 3,0%, насади и култури 12(ha) или 0,06% и чтинари 122(ha) или 0,6%.
• нискостеблени површини спаѓаат:
бука 353(ha) или 1,8%, горун 4.539(ha) или 24%, благун 2.198(ha) или 11,6%, плоскач 6.491(ha) или 34,4%, Б.габер 1.161(ha) или 6,1%, О. лисјари 1.199(ha)  или 6,3% и О. четинари 30(ha) или 0,1%.
• шикари 568(ha) или 3,0%.
Согласно сопственоста 9,2% се во приватна сопственост.
Површините на исечени шуми се движат од 228(ha) во 1999година до 315(ha) во 2004 година што е за 38% повеќе.

Управувањето со шумите е во надлежност на правните субјекти: Македонски шуми, Струмички слив и Комуналец. Наведените субјекти водат грижа и за репродукција на шумскиот фонд со засадување на садници, со тоа што активно е вклучена општина Струмица  невладиниот сектор.

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ
Подружница Шумско стопанство БЕЛАСИЦА-Струмица

Дејности на претпријатието

-Одгледување на шумите
Одгледување на шумите(нега на шуми,чистење на шуми,чистење на стебла од ветки,чистење и проретчување),обнова на шуми,(подготвување и мелиорација на земјиште,посредување и пополнување на редовни сечишта и др.)реконструкција на шуми(претворање на понизок одгледувачки тип во повисок),замена на видови,внесување на иглолисници на широколисни,мелиорација на земјиште и друго,подигање на нови шумски насади,пошумување необраснато шумско земјиште и др.
- Производство на семе и садници.

Заштита на шумите

Заштита на шумите и шумско земјиште од противправно присвојување и други противправни дејности.

Искористување на шуми

Производство на шумски сортименти(обло,делкано и цепано дрво и друг суров материјал од дрво),собирање шумски производи (шумско семе, шумски плодови,смоли,лековити билки,печурки,пчеларење),одржување шумски сообраќајници и други објекти што служат за искористување на шуми,ќумски транспорт,превоз на дрво (со запрега,моторни возила или со сплаварење до главниот склад,или до јавен пат,како и организирање и вршење дотур на шумски сортименти.

Лов-Риболов и планински туризам

Одгледување,заштита и користење на производи од дивеч и риба. Организирање на преноќишта и ресторански услуги.

Полјоделство

Производство на хортикултурен саден материјал,саксиски цвеќе и режано цвеќе.

Подружница Шумско Стопанство БЕЛАСИЦА - Струмица, Улица Ленинова бр. 17

Телефони :

- Централа : 034/346-667
- факс : 034/346-657
- Склад : 034/324-726
- Механизација : 034/328-862
- Книговодство : 034/330-815
- Комерција : 034/345-854
- e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544