Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Центар за подршка на НВО - и

Во Струмица како град има регистрирано околу двесте (200) граѓански или невладини организации од кои активни се триесеттина. Секторите во кои делуваат се: земјоделство, сточарство, заштита на животна средина, права на жени и деца, семејно насилство и трговија со луѓе, ресоцијализација на луѓе зависни од опојни дроги, заштита на маргинализирани групи, заштита на правата на малцинствата, култура и уметност, спорт и рекреација итн.

Центарот за поддршка на НВО во Струмица, со чие отварање се овозможи НВО секторот да добие свое катче (логистичка поддршка, компјутери, интернет, библиотека, семинари и едукации, мали грантови).

Придобивки кои се важни за развојот на НВО секторот во Струмица:

• Зголемување на информативниот простор во медиумите за работата на НВО секторот во Струмица
• Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за подобро разбирање на НВО секторот, преку заеднички учества на НВОите и локалните власти на проекти, едукации, семинари
• Зајакнување на довербата помеѓу НВОите и локалните власти преку учество на заеднички трибини, форуми тркалезни маси итн.

Со изборот на новиот градоначалник на општина Струмца Г-дин Зоран Заев соработката со Л.С во Струмица значително се подобри. Ентузијазмот и добрата информираност на градоначалникот за работата на НВО секторот во Струмица, придонесе за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Локалната Самоуправа и Центарот за поддршка на НВО во Струмица како претставник на НВО секторот во Струмица.

Исто така претставниците на граѓанските организации редовно се поканети на седниците на советот на општината.

Нашите невладини организации покрај сите потешкотии имаат направено и доста резултати во соработка со локалните самоуправи во Ново Село, Мокрино и Мокриево како и во соработка со некои од Месните заедници во Струмица.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА НА НВО СТРУМИЦА

МЕСЕЧНИ АКТИВНОСТИ

Центарот за Поддршка на НВО-Струмица е еден од осумте Центри за Поддршка кои се проект на Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) и Европска Агенција за Реконструкција.

• Центарот за поддршка на НВО-Струмица обезбедува различни видови на логистичка поддршка за локалните НВОи .Ова вклучува:

- Инфраструктура: простор за состаноци, опрема за комуникација и тренинзи, компјутери, печатач и фотокопир машина;
- Библиотека: весници, магазини, книги, професионална литература;
- Информации: можност за тренинзи, активности за други НВОи;
- Можности за финансирање: донатори,конкурси,пријави.

Програма за зајакнување на капацитетите: Центарот на поддршка на НВО-Струмица со своите капацитети за организирање и обезбедување на пристап до мрежа на искусни тренери овозможува програми кои имаат за цел да осигураат постојан развој,институционално зајакнување и изградба на капацитетите на НВОите. Оваа програма се спроведува преку: работилници, семинари и предавања, совети и консултации.
Вмрежување/олеснување: Како независно, објективно и професионално тело Центарот за поддршка на НВО Струмица врши мрежување, олеснување и посредување и на соработката помеѓу: НВОите, властите и бизнис секторот преку организирање на:

- координативни состаноци за вмрежување на локалните НВОи;
- кординација и вмрежување меѓу НВОите и локалните власти, медиумите и другите корисници преку: состаноци размена на информации,учество на тренинзи и работилници.

На тој начин се иницираат, воспоставуваат и поддржуваат партнерства меѓу НВОите,локалните власти,медиумите и останатите корисници.

Доделување на грантови: Со добро воспоставени процедури Центарот за поддршка на НВО од Струмица доделува финансиска поддршка на мали,развојни и проекти за застапување (од 5000 евра) за НВОите со цел да се помогне нивниот институционален развој.
Иницијативи од заедницата:

- Логистичка поддршка: Центарот за поддршка на НВО Струмица ги подддржува и иницира активностите од заеднички интерес на локалните НВОи преку: одржување на состаноци, тркалезни маси, презентации, прес конференции, работилници и семинари.
- Посети на други центри: За време на овие посети НВОите разменуваат информации, искуства и иницираат соработка на локално и регионално ниво.
- Годишни НВО форуми се организираат, донесувајќи ги заедно НВОите од различни краеви на Р. Македонија.

Факти, бројки и достигнувања:

Центарот за поддршка на НВО-Струмица го покрива регионот за Струмица и Радовиш. Кога започна со работа бројот на регистрирани НВОи беше околу 200 од кои 10 НВОи беа активни. За период од 10 месеци бројот на активни НВОи се зголеми на 30 и 7 нови НВОи се рсгистрирани.

Поддржани локални иницијативи (Вкупно 8):

- Иницијатива на здружение на граѓани "Фризер 99" предавање на тема:"Квалитетно производство на млеко, начини на чување и хигиена на молзење", како и практична презентација на терен.
- Иницијатива на здружение на фармери "Македонска градина" с.Пиперево. Презентација од страна на стручно лице, пред фармерите нови методи и начини за производство на квалитетен зеленчук.
- Иницијатива на здружение "Аквила Ауреа Македоника" предавање на тема: "Состојбата на културното наследство во Струмица" и подготвен едукативен материјал на иста тема(1000 брошури).
- Иницијатива на здружене "Спас", предавање на тема "Сексуално преносливи болести" и подготовка на едукативни брошури (1000).
- Иницијатива на здружение "Продолжен Живот", предавање на тема: "Семејно насилство" и подготовка на едукативни брошури (1000).
- Иницијатива на здружение "Избор" предавање за ХИВ/Сида и подготовка на 1000 памфлети со едукативни пораки.
- Иницијатива на здружение "Феникс",трибина на тема: "Децата со посебни потреби" и подготовка на брошури со едукативна содржина.
- Иницијатива на здружение на телесни инвалиди -Струмица, припрема на едукативен материјал (1000).

ОРГАНИЗАРАНИ ОБУКИ (ВКУПНО 11)

Назив на обука

Тренинг Организација

Број на учесници (НВО, Локална саоуправа, Медиуми)

Базична Обука за НВО - прв модул (2 пати)

Здруженска - Скопје

42

Базична Обука за НВО - втор модул (2 пати)

Здруженска - Скопје

42

Организирање на кампањи

ЦИРА - Скопје

16

Раководење со проектен циклус (2 групи)

Б2 Консалтинг - Скопје

38

Односи со јавноста

НВО Инфо Центар - Скопје

16

Комуникации

Македонска Асоцијација за Трансакциона Анализа - МАТА

16

Лидерство

Детра центар - Скопје

19

Партнерство

КОЦКА - Скопје

20

Вкупен број на учесници:

 

209

Број на посетители: 350 НВО претставници го посетуваат Центарот месечно (15 новинари, 10 авторитети, 25 индивидуалци, 15 други организации)

Логистичка поодршка - месечно:

- 200 корисници на компјутери (Интернет, Word, Excel);
- 50 корисници на библиотеката;
- 150 корисници на тел/фах услуги;
- 10 000 фотокопии;
- 15 изнајмувања на сала на состаноци;
- 70 информации (можности за тренинзи, активности за други НВОи, донатори, конкурси, апликации).

www.nvocentri.org.mk

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544