Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Препораки до граѓаните

Соопштение за Прекинување на прагот на алармирање во град Струмица

Почитувани , Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 30.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 µg/m3 , и епизодата од два последователни дена е прекината . Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во  агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 188 µg/m3 ,  (2 и повеќе последователни дена на 27.01.2019 , 28.01.2019)     Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните  согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со  објавање на текстот на овој допис  на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/

Достава на писмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во  агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 188 µg/m3 ,  2 и повеќе последователни дена на 17.01.2019  , 18.01.2019 , 19.01.2019 и 20.01.2019 ) Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните  согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со  објавање на текстот на овој допис  на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/ 

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање  ,  Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија  бр 183 од 14.12.2017 година) и во согласност со Заклучокот од 40 седница на Владата на РМ одржана на 28.11.2017, во случај на надминување на концентрацијата на PM10 честичките во воздухот во која е дефиниран прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , ако среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два и повеќе последователни денови  со среднодневни концентрации над 188 µg/m3  и добиената прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

 

(Стабилна временска состојба е состојба на атмосферата која се создава при подолготрајно присуство на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над  подрачје , особено во зимскиот дел од годината , која се карактеризира со многу слаби хоризонтални и вертикални струења што предизвикува појава на температурна инверзија по котлините , состојба при која студениот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата) .  

       Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 и повеќе последователни дена на 17.01.2019  , 18.01.2019 , 19.01.2019 и 20.01.2019 )  со среднодневни концентрации над 188 µg/m3) градоначалникот на Општина Струмица ги објавува следниве препораки:

- Препораката за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација децата ,

-  Да се ослободат од работни обврски бремени жени , лицата постари од 60 години , лица со хронична астма , лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста .

-  Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот ,

-  Забрана за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено и

   обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош , домашната посета и

   патронажната служба .

- На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашина , односно прскање , миење на гумите на камионите пред градилиштата , а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот .

- Да се забрани со одлука на советот продажбата на пелевина за користење како огревно средство.

- Социјална помош со одлука на советот за лицата кои не можат да обезбедат средства за загревање на домот со цел да се избегне палењето синтетика, пластика, гума и слични токсични материјали за огрев.

- За истата категорија на луѓе со одлука на советот на терет на општината да се преземат мерки за чистење на оџаците.

- Забрана за движење низ целото градско подрачје на нерегистрирани возила , во кои спаѓаат возилата кои сечат огревни дрва насекаде во градот.

- Јавните институции да извршат замена  на фосилните горива со гас од Јавното Претпријатие за Гасификација – Струмица Гас.

- Привремена ограничување на емисиите од инсталациите со  А и Б интегрирани дозволи и помалите стопански капацитети , а овластениот инспектор  да  врши зачестени контроли на инсталациите , да се спроведат мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисии во воздухот .

 - Да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата , на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла .

-Автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30. 

-Дотур на стока да се врши до 7:30 часот.

-Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот , во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање ,   треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде  забранет во центарот на градот . Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните транспортни возила , брзата медицинска помош и полициските возила.

Достава на писмен извештај за праг за информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во  агломерација на град Струмица, надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена на 08.01.2019  , 09.01.2019 и 10.01.2019)    Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните  согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со  објавување на текстот на овој допис  на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирањена ден 10.01.2019 година ,  Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија  бр 183 од 14.12.2017 година) и во согласност со Заклучокот од 108 седница на Владата на РМ одржана на 25.12.2012, во случај на надминување на концентрацијата на PM10 честичките во воздухот во која е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , ако среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два последователни денови  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 или 5 (пет) дена последователно со среднодневни концентрации над 50 µg/m3  и добиената прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

(Стабилна временска состојба е состојба на атмосферата која се создава при подолготрајно присуство на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над  подрачје , особено во зимскиот дел од годината , која се карактеризира со многу

слаби хоризонтални и вертикални струења што предизвикува појава на температурна инверзија по котлините , состојба при која студениот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата) .    

        Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 08.01.2019  , 09.01.2019 и 10.01.2019)  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) градоначалникот на Општина Струмица ги објавува следниве препораки:

-Да се користи јавен превоз со мотори на плин ( такси автомобили, такси комбиња), користење  на јавен превоз кога станува збор за локаните населени места,
-
Приватните возилата да не се користат без поголема потреба
-
 Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

-  Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и   контолата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила .
- Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории:
   прегорено отпадно   масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа,   парчиња гума и било каков синтетички материјал ,
- Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци

-  Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и  редовно да се чистат оџаците .

-  Да се користат печките на пелети бидејки  имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата.

-  Пелетите  да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од   каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови)

- Ефикасното грејно тело го загрева  домот, заштедува гориво и пари и ги намалува   емисиите во атмосферата

-  На децата, старите лица , хронично болните од белодробни и срцеви заболувања , но и за  лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и  активности на отворен простор.

-  Носење на филтер маски за дишење,

- Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД   Комуналец.

Препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 01.12.2018, 02.12.2018 и 03.12.2018 година)  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

 -Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси комбиња), користење  на јавен превоз кога станува збор за локалните   населени места,

 -Приватните возила да не се користат без поголема потреба,

 -Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

 -Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила, 

 -Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно   масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ  амбалажа,   парчиња гума и било каков синтетички  материјал, 

  -Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци,

  -Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на  производителот и  редовно да се чистат оџаците,

  -Да се користат печките на пелети бидејќи  имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,

  -Пелетите  да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи,бои и   лакови)

  -Ефикасното грејно тело го загрева  домот, заштедува гориво и пари и ги  намалува емисиите во атмосферата,

  -На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви  заболувања, но и за  лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и  активности на отворен простор,

  -Носење на филтер маски за дишење,

  -Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна  на ЈПКД „Комуналец“. 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544