Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ

Општина Струмица започна со имплементација на проектот за едукација на високообразовни кадри од областа на компјутерската техника и менаџментот. Проектот предвидува формирање Институт за Применета Технологија кој ќе биде сместен во простории од Дом на АРМ, кои за оваа цел ќе бидат соодветно опремени со сите неопходни средства за извршување на обуките.

Обуката се планира да се изведува во период од 4 месеци, во кој период ќе се изучува напредно програмирање преку програмите JAVA (јава), C++ (це плус плус), .NET (дот нет) и други, менаџирање и дизајн на бази на податоци како и да се стекнат основните познавања од областа на менаџментот без кои не може да се замисли раководењето на било која институција или компанија. Исто така, цел на Институтот е стекнување практично знаење, работни навики, работни односи и работна етика.
Институтот ќе обезбеди релевантни тренери и професори од земјава и странство, сертификат со препознатлива тежина и значење, но и медијација при професионалниот ангажман на студентите.
Осумчлена екипа веќе активно работи за остварување на целите и мисијата на проектот. Истите се достапни за сите информации на телефон 340-659. Ги повикуваме сите студенти и невработетени кадри кои сакаат да се вклучуват во проектот како и сите компании кои сакаат да ангажираат програмер да се јават за подетални информации.

Проектот е финансиран од Eвропската Aгенција за Реконструкција преку CARDS програмата за добрососедство во пограничниот регион.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544