Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Субвенција на плати

Донатор: UNDP
Проектни партнери: UNDP, Општина Струмица, 3 фирми од Струмица кои пројавија интерес.

Проектот Субвенција за плата, има за цел да обезбеди субвенционално вработување насочено кон работоспособни невработени лица кои подлежат на социјална помош, нивно реинтегрирање како активна работна сила преку подобрување на работниот капацитет и мотивацијата со цел да се овозможи нивно одржливо вработување во локалните мали и средни претпријатија.

Целта на проектот е да ги охрабри работодавците при вработување на определени категории на невработени со субвенција за плата. Со проектот треба да се вработат млади луѓе на возраст до 30 години со средно или високо образование, без работно искуство, кои бараат вработување подолго од 1 година, лица со ограничен пристап во наоѓањето на работа како што се лица со посебни потреби, малцинствата, а особено женската популација.

Постапката се реализира со склучување на договор за вработување со невработени лица од најмалку 12 месеци. Во рамките на проектот ќе бидат субвенционирани до 60% од бруто платите во соодветната стопанска дејност, односно до 140$ месечно по работник, но не повеќе од 6 месеци.

Работодавците се обврзани да ги остават вработените на работа уште најмалку толку месеци за колку што примиле субвенци за тој вработен.
Предвидена е и сума од 45$ месечно по работник за набавка на мали алатки и заштитна опрема.
Ако претпријатието вработи лица со посебни потреби, предвидена е еднократна сума од 2.000$ за подобрување на условите за пристап на истите лица.

Висината на грантот може да варира во зависност од бројот на ангажираните лица од страна на малите и средни претпријатија и тој изнесува од 5.000 - 20.000$.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544