Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

ЈП „Паркиралишта“

 

Основни податоци за Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  „Паркиралишта Струмица“ - Струмица

   

  Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  „Паркиралишта Струмица“ - Струмица е основано од Советот на општина Струмица во 2008 година со цел на систематски начин да го реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица, со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на одржување на уличното осветлување.

Првичната идеја за основање на „Паркиралишта Струмица“ беше определување и уредување на паркинг места и паркиралишта во град Струмица се со цел да придонесе за подобрување на комуналниот ред во градот.

Со проширување на дејноста во делот на уличното осветлување, јавното претријатие започна да спроведува и координативно стручна функција во насока на моделирање и зајакнување на системот на услуги на јавното осветлување, како и редовно одржување на мрежата за јавно осветлување во градот и 24те населени места

 Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица  својата дејност ја извршува преку четири одделенија:

 

               -  Одделение за паркиралишта;

               -  Одделение пајак;

               -  Одделение за администрација;

               -  Одделение јавно осветлување

 

Претпријатието брои дваесет вработени, а со истото раководи Директор.

 

 

Лице за контакт:директор Верица Узунова
e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
моб.076/483-106
тел.034/343-787

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544