Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Меѓународна соработка и европски фондови

 

 

Реализирани проекти

 

1. Проект: Ефикасно користење на соларната енергија за подобра иднина - SP Future Project: “Efficient usage of solar energy for better future” - SP Future

Проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2007 - 2013.

Клучни информации за проектот

Времетраење: 23.07.2012 - 22.07.2014 (24 месеци)

Приоритетна оска 2: Подобрување на квалитетот на живеење

Област на интервенција 2.1: Користење на природни ресурси

Проектни партнери:

  • Центар за развој на Југоисточен плански регион, Република Македонија (Водечки проектен партнер)
  • Општина Струмица, Република Македонија (Проектен партнер 2)
  • Здружение на југозападни општини, Република Бугарија (Проектен партнер 3)
  • Општина Петрич, Република Бугарија (Проектен партнер 4)

 

Вкупен буџет на проектот: 432,392.40 евра.

Буџет за општина Струмица: 189,974.00 евра.

Генерална цел на проектот:

Одржлив развој на прекуграничниот регион преку инвестиции во фотоволтаични системи за производство на електрична енергија и инвестиции во обука на човечките ресурси заради заштитата на животната средина и потрошувачката на енергија во регионот.

 

Најзначајна спроведена активност за општина Струмица:

  • Замена на кровна конструкција и инсталација на фотоволтаичен систем за производство на  електрична енергија во ООУ “Сандо Масев” - општина Струмица.

2. Проект: Развој на алтернативни форми на туризам - Податоци за туризам

Project: “Developing Alternative Tourism Aspects - Tourism Data”

Проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 - 2013.

 

Клучни информации за проектот

Времетраење: 07.12.2012 - 06.10.2014 (21 месец)

Приоритетна оска 1: Зајакнување на прекуграничниот економски развој

Област на интервенција 1.3: Промовирање на одржлив туризам

Проектни партнери:

  • Регион на Лерин, Грција (Водечки проектен партнер)
  • Општина Струмица, Република Македонија (Проектен партнер 2)

 

Вкупен буџет на проектот: 340,060.00 евра.

Буџет за општина Струмица: 134,160.00 евра.

Генерална цел на проектот:

Промоција на прекуграничниот регион Струмица - Лерин како идеална дестинација за алтернативен туризам.

 

Најзначајни спроведени активности за општина Струмица:

 

  • Изградена пешачка (ТРИМ) патека, опремена со клупи, канделабри и друга урбана опрема со вкупна должина од 700 метри и ширина од 2 метри, која води до сите културно - историски објекти во населеното место Банско.
    • Изработен играно - документарен филм (“Come to Strumica”) во HD резолуција за промоција на туристичките особености на општина Струмица.
    • Изработен комплетен виртуелен систем за промоција на туризмот во општина Струмица (специјализиран веб портал за туризам (www.come2strumica.mk) со 200 фотографии, 15 панорамски фотографии од 360 степени, GPS тракинг на пешачки патеки и др).

 

 

3. Проект: “Заштита и промоција на природното и културното наследство во прекуграничниот регион на општина Струмица и општина Кукуш - НАСЛЕДСТВО

Project: “Protection and Promotion of Natural and Cultural Heritage in the Cross Border Region of the Municipality of Strumica and Municipality of Kilkis - HERITAGE”

Проектот е финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 - 2013.

Клучни информации за проектот

Времетраење: 07.12.2012 - 06.02.2015 (26 месеци)

Приоритетна оска 2: Подобрување на еколошките ресурси и културното наследство во прекуграничниот регион

 

Област на интервенција 2.2: Промоција и заштита на културното и историското наследство во прекуграничниот регион

 

Проектни партнери:

 

  • Општина Струмица, Република Македонија (Водечки проектен партнер)
  • Општина Кукуш, Грција (Проектен партнер 2)
  • Подрачна единица Кукуш, Грција (Проектен партнер 3)

 

Вкупен буџет на проектот: 944,659.50 евра.

 

Буџет за општина Струмица: 324,659.50 евра.

 

 

Генерална цел на проектот:

 

Одржлив економски развој на прекуграничниот регион Струмица - Кукуш преку заштита и промоција на природното и културното наследство.

 

Најзначајна проектна активност за општина Струмица:

 

  • Втора фаза на конзервација, реставрација и делумна реконструкција на делови од тврдинатa “Цареви Кули” во Струмица.

 

 

 

4. Проект: “Набавка на товарно возило за превоз на храна во пет детски градинки и народна кујна”

 

Project: “Supply of vehicle for delivering food in five kindergartens and soup kitchen

 

Клучни информации за проектот

На 6ти Октомври 2014 година, амбасадорката на СР Германија, д-р Кристине Алтхаузер, градоначалникот на општина Струмица, г. Зоран Заев и директорката на градинката „Детска Радост“, Тинка Маркова, потпишаа договор за донација од Германската амбасада, за поддршка при реализација на трилатерален проект за набавка на ново возило за секојдневен транспорт на оброци во пет детски градинки и една народна кујна во Струмица. Проектот е финансиран преку програмата за мали проекти на Германската Амбасада.

 

Времетраење: 07.10.2014 - 28.11.2014 година.

 

Проектни партнери:

 

  • Амбасада на Сојузна Република Германија (Донатор на проект)
  • Општина Струмица, Република Македонија (Имплементатор на проект)
  • ЈОУГД “Детска Радост”, општина Струмица (Корисник од проект)

 

 

Вкупен буџет на проектот: 14.240 евра.

Донација од Германска Амбасада:  8.000 евра.

Буџет на општина Струмица: 3.000 евра.

Буџет на ЈОУГД Детска Радост”: 3.240 евра.

 

 

Генерална цел на проектот:

 

Возилото ги исполнува сите светски стандарди за превоз на храна, како и нормите за издувни гасови, со што ќе се даде придонес во поголема безбедност на храната за најмалите, и помало загадување на животната средина.

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544