Во јуни решени 114 проблеми преку „Систем 48“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 Јули 2017 13:12

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни биле пријавени вкупно 143 пријави од страна на граѓаните за проблеми од повеќе области. Од нив  решени се 114 пријави, а останатите 29 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 

 
Поставен е втор слој асфалт на улицата „Сава Ковачевиќ“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 Јули 2017 11:23

На улицата „Сава Ковачевиќ“ во Струмица, на потегот од улицата „11 Октомври“ до улицата „Моша Пијаде“, поставен е втор слој асфалт. Асфалтирањето се реализираше согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица, а на вкупна површина од 1.400 метри квадратни. За овој градежен зафат беа обезбедени средства од општинскиот буџет.

 
Костадинов присуствуваше на промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од Вера Стојчевска – Антиќ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 Јули 2017 13:27

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, посветена на великанот на македонската научна мисла и литература, Блаже Конески. Овој убав културен настан се реализираше со поддршка на општина Струмица, а на истиот присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. 

 
Ученици од СОУ „Јане Сандански“ на светски натпревар по англиски јазик во Атина PDF Печати Е-пошта
Вторник, 18 Јули 2017 14:30

По одржувањето на преелиминарниот натпревар во Дубаи, тимот од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во состав Ивана Цветанова, Магдалена Стојанова и Тијана Иванова под менторство на професорката Верица Јанковa, утре, заминуваат на полуфиналниот натпревар по англиски јазик кој што ќе се одржи во Атина, Република Грција. Според професорот Јанковска, натпреварот опфаќа повеќе вештини, како што се дебата, предизвик, квиз на знаења од сите области на образованието и пишување есеи на дадена тема. Овој светски ученички куп се одржува во организација на универзитетот ЈЕИЛ од САД, каде што ќе се одржи и финалниот дел на натпреварот.

 
Ќе се поставуваат контејнери за стаклен отпад PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 17 Јули 2017 14:53

Во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата „Пакомак“ од Скопје, одговорна за отпад од пакување, од утре, ќе започне поставувањето на контејнери наменети исклучиво за отпад од стакло. Од „Комуналец“ информираа дека ќе бидат бидат поставени вкупно 15 контејнери на 15 локации, односно, пред ресторани и хотели, каде што и најмногу го има отпадот од стакло. Целта на поставувањето на ваквите контејнери е да го намали стаклениот отпад на депонијата.

 
Костадинов одржа работна средба со претставници на повеќе институции за реконструкција на стадионот „Младост“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 14 Јули 2017 14:36

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, денеска во својот кабинет, одржа работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија, ЕВН,

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 1 од 19
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор