Општина Струмица меѓу најдобрите по активна транспарентност во Македонија за 2017 година PDF Print E-mail
Thursday, 08 June 2017 14:07

Резултатите од најновото истражување кое што го спроведе Центарот за граѓански комуникации уште еднаш потврдија дека Струмица е меѓу најтранспарентните општини во Република Македонија. Во истражувањето биле вклучени 97 институции (општини, министерства и Владата на Република Македонија. Според степенот на активната транспарентност, општина Струмица спаѓа во најдобрата група со многу добра активна транспарентност.

 
„СЦЕНА“ почна со реализација на проектот „Театарот во светот на детето“ поддржан од општина Струмица PDF Print E-mail
Thursday, 08 June 2017 13:30

Здружението за култура и уметност СЦЕНА започна со реализација на првата фаза од проектот Театарот како средство за будење на мечта и можноста за креативна комуникација кај генерациите во развој-ТЕАТАРОТ ВО СВЕТОТ НА ДЕТЕТО. Овој проект се реализира со средства од општина Струмица преку Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот за 2017 година.

 
Струмица прва општина во Македонија со панорамски преглед на административната зграда на maps.google.com PDF Print E-mail
Wednesday, 07 June 2017 14:22

Струмица е прва општина во Република Македонија која што ширум ги отвори своите врати за снимање на 360 степени обиколка и се вклучи во сервисот на GOOGLE MY BUSINESS. Со тоа уште еднаш потврди дека е отворена Општина и географски неограничена не само за струмичката, македонската, туку и за целата светска јавност.

 
Работна средба за проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ PDF Print E-mail
Tuesday, 06 June 2017 13:51

Министерството за образование и наука преку Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, во соработка со Детската Фондација Песталоци и Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во општина Струмица како една од десетте пилот општини во проектот


 
Цветните површини во градот се обновуваат со летни цвеќиња PDF Print E-mail
Monday, 05 June 2017 13:40

Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, деновиве, започнаа со обновување на цветните површини во градот. Замената на зимското со летно цвеќе започна на булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, а ќе продолжи на сите цветни површини. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ ќе бидат засадени околу десет илјади видови летни цвеќиња во разни бои кои на градот ќе му дадат посебна убавина во летниот период.


 
„Паркиралишта Струмица“ обнови над две илјади метри квадратни хоризонтална сигнализација PDF Print E-mail
Monday, 05 June 2017 11:24

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ продолжува со обновувањето на хоризонталната сигнализација во градот. Од претпријатието информираа дека од планираните седум илјади метри квадратни за оваа 2017 година, досега обележани се 2.424 метри квадратни хоризонтална сигнализација. Обележувањето ги опфаќа пешачките премини, разделните и осовинските линии, паркинг местата во централното градско подрачје, пред основните и средните училишта, градинките и во периферните делови на градот.


 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 5 of 15
 

E-newsletter