Телеграма со сочувство од в.д градоначалникот Костадинов до семејството на починатиот Зоран Маџиров PDF Print E-mail
Wednesday, 10 May 2017 06:53

Почитувани членови на семејството Маџирови,

Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот син, сопруг и татко, Зоран Маџиров. Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но ако заеднички се повикаме на мудроста која вели дека  споделената болка е помала болка, тогаш имајте во предвид дека со Вас тагува  цела Струмица и цела Македонија.

 
Костадинов: Нови војни и повампирување на фашизмот не ни се потребни PDF Print E-mail
Tuesday, 09 May 2017 10:28

Општина Струмица денеска го одбележа 9ти мај меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. На пригодната свеченост која што се одржа пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк, за значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Денес Македонија, Европа и светот се исправени простум пред 9ти Мај, денот кој тежи повеќе од сите останати, денот кој е онолку голем, колку што е голема победата над едно незапамтено зло.

 
Ученици од Дабиле и Порој на заеднички натпревар во спелување по англиски јазик PDF Print E-mail
Tuesday, 09 May 2017 07:01

Во просториите на основното училиште „Георг Кастриоти Скендербег“, од селото Порој, општина Тетово беше реализирана заедничката активност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на ова училиште и основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“, од селото Дабиле, општина Струмица.

 
Во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“ отворена е ретроспективна изложба PDF Print E-mail
Tuesday, 09 May 2017 06:58

Во рамките на своите програмски активности за месец мај, домот за деца и млади „Благој Мучето“ организираше ретроспективна изложба  во соработка со основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица. Во фоајето на домот на АРМ изложени се 31 ликовно дело, од кои 20 се дела изработени на Републичката манифестација „Цвеќе 2016“ и дел од „Цвеќе 2015“ на отворено со користење на сув пастел и како основен мотив е користено цвеќето, а останатите 11 ликовни творби се дел од цртањето на отворено по повод доаѓањето на пролетта, кој е посебен настан.

 
„Паркиралишта Струмица“ дел од иницијативата за формирање на Асоцијација меѓу шест претпријатија во Македонија PDF Print E-mail
Tuesday, 09 May 2017 06:54

 За зајакнување на меѓусебната соработка, преку поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, а воедно и унапредување на соработката со други институции, во просториите на Општина Центар беше потпишана Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта меѓу шест претпријатија од Македонија и тоа Паркинзи на Општина Центар -Скопје, Паркинзи Струмица, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово.

 
Костадинов им го врачи шампионскиот пехар на одбојкарите на Струмица PDF Print E-mail
Tuesday, 09 May 2017 06:52

Одбојкарите на Струмица ги победија одбојкарите на Пробиштип и ја освоија шампионската титула во домашното првенство.  Овој трет натпревар кој се одигра во спортската сала на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ го следеше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој по завршувањето на натпреварот на капитенот на одбојкарскиот клуб Струмица му го врачи шампионскиот пехар и заедно со одбојкарите се радуваше на постигнатиот успех.


 
«StartPrev12345678NextEnd»

Page 6 of 8
 

E-newsletter