Костадинов на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Струмица PDF Print E-mail
Thursday, 25 May 2017 13:22

Со богата и свечена програма, денеска, беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Програмата ја следеа голем број родители и гости, а меѓу нив беа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, Петар Божинов член на Советот и претставници на одделението за образование на општина Струмица. Во знак на почит на неговото дело, Костадинов положи свежо цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито. Во рамките на празничната програма беа доделени благодарници на учениците кои освоија награди на општинските и државните натпревари во повеќе области.


 
Одбележан патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино PDF Print E-mail
Thursday, 25 May 2017 12:27

Општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Муртино, денеска, го одбележа патрониот празник.Во училишниот двор беше изведена богата програма на која присуствуваа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој во името на општина Струмица положи свежо цвеќе и се поклони пред ликот на Тито, членови на Советот, претставници на одделението за образование на општина Струмица, родители и други гости. Во рамките на програмата беше реализирана и активност од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ - детска фондација Песталоци.


 
Одбележан патрониот празник во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле PDF Print E-mail
Tuesday, 23 May 2017 13:05

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле денеска го одбележаа патрониот празник. По тој повод во училишниот двор беше изведена свечена и богата програма во која учествуваа ученици од повеќе секции кои што работат во рамките на училиштето. На одбележувањето на празникот присуствуваа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на одделението за образование на општина Струмица, родители и други гости, пријатели на училиштето.

 
Костадинов присуствуваше на годишниот концерт на музичкото училиште „Боро Џони“ PDF Print E-mail
Tuesday, 23 May 2017 12:17

Во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ синоќа се одржа годишен концерт на учениците од општинското основно музичко училиште Боро Џони“. Во прекрасните изведби на учениците уживаа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот. Во рамките на концертот ученичката Ана Мазнејкова доби награда лично од внукот на Боро Џони за постигнати најуспешни резултати, а ученикот Васил Бунгурџиев доби благодарница и плакета од училиштето за превенец на генерацијата. Учениците од училиштето и годинава приредија концерт за паметење, а сите ученици кои добија награди на натпреварите во оваа година добија букети свежо цвеќе.


 
Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ до Костадинов: „Младоста ваша украс на нашето детство“ PDF Print E-mail
Monday, 22 May 2017 14:52

Младоста ваша украс на нашето детство, насмевката ваша идеја за новите игри, мудроста ваша го отвора патот за нас кон светли хоризонти, кон спокоен сон во Струмица, во мојот дом, ве сака III-а одделение од ООУ „Никола Вапцаров“, со овие стихови учениците го поздравија вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на почетокот од приемот во неговиот кабинет.

 
Учениците од „Боро Џони“ со одлични резултати на меѓународниот натпревар во Ниш PDF Print E-mail
Monday, 22 May 2017 13:12

Од 18 до 20 мај во Ниш, Србија се одржа 13-от по ред меѓународен натпревар за гитара на кој учестваа ученици од основните и средните училишта и студенти од регионот. И оваа година имаше голем број ученици од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ кои се вратиоја со одлични резултати.

 

 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 7 of 14
 

E-newsletter