Зимската служба на „Комуналец“ и денеска интервенира во градот и населените места PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Јануари 2017 12:33

Зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска, како и во изминатите денови, ги чисти остатоците од снегот и мразот на улиците и тротоарите во градот. Мразот од тротоарите се чисти рачно, а на улиците работи механизација и се фрла индустриска сол. Освен во градот се работи и на патниот правец Робово – Муртино – Банско.Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните и правните лица и тие да се вклучат во расчистувањето и да си ги исчистат барем приодите пред домовите и деловните објекти.

 
Квартален извештај за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај на општина Струмица за период од 01.10.2016 ДО 31.12.2016 ГОДИНА PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Јануари 2017 09:42

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај

изврши 36 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатирав дека:

 
Општина Струмица помогна на старица во Банско која остана без затоплување и храна PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Јануари 2017 00:13

Општина Струмица и денеска потврди дека се грижи за своите граѓани кога им е најтешко и им е потребна помош. По повикот од Џефа Алиева, жител на населеното место Банско за помош, откако, деновиве останала без затоплување и храна, заменик градоначалникот Костадин Костадинов ја посети во нејзиниот дом и даде пакети со прехранбени производи и електричен панел за затоплување. Алиева беше пресреќна на овој хуман гест од општина Струмица, а заменик градоначалникот Костадинов, рече дека општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани, а упати и апел сите заедно да си помагаме во вакви ситуации.

 
Парталов:Општина Струмица навремено и континуирано се справува со снегот и поларните температури PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 Јануари 2017 17:59

Со првите снежни врнежи, општина Струмица, започна со активностите кои во континуитет се реализираат до денеска, а согласно Програмата за одржување на улиците и локалните патишта“ потенцираше на денешната прес конференција, секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов. Тој преку медиумите, ја информираше јавноста за сите активности и преземени мерки за справување со последиците од снежните врнежи и ниските температури во изминатите денови.


 
„Комуналец“ чисти во континуитет апелира да се вклучат и граѓаните PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 Јануари 2017 13:10

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и со сите располжливи ресурси и денеска продолжи со чистењето на улиците и тротоарите во градот. Истовремено упатува апел до граѓаните и тие да се вклучат и да си ги исчистат барем влезовите пред нивните домови. На терен е и Комуналната инспекција за да ги потсети правните лица дека имаат законска обврска да си го исчистат снегот пред деловните објекти, во спротивно, а согласно законот, им следуваат казни.

 
Општинската администрација и во денешната крводарителска акција ја потврди својата хуманост PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 Јануари 2017 12:54

Општина Струмица, денеска, во Заводот за трансфузиона медицина ја спроведува 22-та крводарителска акција. Акцијата е традиционална, а се реализира по повод новогодишно – божиќните празници. Според досегашниот одзив, општинската администрација и денеска ја потврди својата хуманост и солидарност во спасување на нечиј човечки живот. Општина Струмица оваа крводарителската акција ја реализира во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина. Покрај вработените во општинската администрација, во акцијата можат да се вклучат и граѓаните кои сакаат да даруваат од својата драгоцена течност за да спасат нечиј човечки живот. Акцијата ќе трае до 14 часот.

 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

Страница 7 од 9
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2017 година линк

Повик за грант за проектот “Граѓанско учество за локална демократија”. Проектот го имплементираат Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД) линк


Повик за доделување грантови на граѓански организации од областа на културата во општините Струга, Струмица и Центар линк



Јавен повик за избор на претпријатија од Општина Струмица за учество на два регионални саеми во Кукуш, Грција и Кичево линк


Апликационен формулар ЗА ИЗБОР НА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,Бизнис Мрежа С-К-К” линк



Анкетен лист за изготвувањето на ЛЕАП  за општина Струмица и да се утврди промената на состојбата со животната средина во последните 5 години. линк


Прашалник за отпад од домаќинства во Oпштина Струмица линк


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор