Ученици од Дабиле и Порој на заеднички натпревар во спелување по англиски јазик PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Мај 2017 07:01

Во просториите на основното училиште „Георг Кастриоти Скендербег“, од селото Порој, општина Тетово беше реализирана заедничката активност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на ова училиште и основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“, од селото Дабиле, општина Струмица.

 
Во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“ отворена е ретроспективна изложба PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Мај 2017 06:58

Во рамките на своите програмски активности за месец мај, домот за деца и млади „Благој Мучето“ организираше ретроспективна изложба  во соработка со основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица. Во фоајето на домот на АРМ изложени се 31 ликовно дело, од кои 20 се дела изработени на Републичката манифестација „Цвеќе 2016“ и дел од „Цвеќе 2015“ на отворено со користење на сув пастел и како основен мотив е користено цвеќето, а останатите 11 ликовни творби се дел од цртањето на отворено по повод доаѓањето на пролетта, кој е посебен настан.

 
„Паркиралишта Струмица“ дел од иницијативата за формирање на Асоцијација меѓу шест претпријатија во Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Мај 2017 06:54

 За зајакнување на меѓусебната соработка, преку поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, а воедно и унапредување на соработката со други институции, во просториите на Општина Центар беше потпишана Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта меѓу шест претпријатија од Македонија и тоа Паркинзи на Општина Центар -Скопје, Паркинзи Струмица, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово.

 
Костадинов им го врачи шампионскиот пехар на одбојкарите на Струмица PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Мај 2017 06:52

Одбојкарите на Струмица ги победија одбојкарите на Пробиштип и ја освоија шампионската титула во домашното првенство.  Овој трет натпревар кој се одигра во спортската сала на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ го следеше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој по завршувањето на натпреварот на капитенот на одбојкарскиот клуб Струмица му го врачи шампионскиот пехар и заедно со одбојкарите се радуваше на постигнатиот успех.


 
Ученичката Нена Тодорова од Дабиле го освои првото место на државната Олимпијада на млади техничари PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Мај 2017 14:48

Во организација на Народна техника на Македонија во Прилеп се одржа државна Олимпијада на млади техничари и природници во Прилеп. Учесниците на натпреварот се натпреваруваа по повеќе дисциплини. Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле го претставуваше ученичката Нена Тодорова од 9 одделение под менторство на наставничката Зорица Андонова. Ученичката се натпреваруваше во областа Климатологија со метеорологија,  на тема Метеоролошки податоци за прогноза на болести во земјоделието и го освои првото место.


 
Делегација од општина Струмица на одбележувањето на празникот на општина Петрич PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Мај 2017 14:46

Трочлена делегација на општина Струмица во состав, Костадин Костадинов, вршител на должноста градоначалник, Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица и Кирил Парталов секретар на Општината, престојуваа во дводневна посета на општина Петрич.

 
«ПочетокПред11121314СледноКрај»

Страница 12 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор