Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на 53-та седница на совет

Марјан Даскаловски - Претседател на совет на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на педесет и третата седница на
Советот на општина Струмица



Ја свикувам педесет и третата   седница на Советот на општина Струмица за ден  14.03. 2012 година (среда). Педесет и третата  седница  на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од педесет и втората седница на Советот на општина Струмица

II
Д н е в е н  р е д

1.    Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2011 година;
2.    Годишен извештај на Oпштина Струмица за 2011 година;
3.    Предлог - Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2011 година;
4.    Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2011 година;
5.    Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2011 година;
6.    Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2011 година;
7.    Предлог - Програма за дополнување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2012 година.
8.    Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2011 година;
9.    Годишна сметка со финансов извештај на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2011 година;
10.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.7152/6 KО Струмица
11.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.2114/1 и 2115/1 KО Струмица
12.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.2119 KО Струмица
13.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр.3369 и 3371/2 КО Банско

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544