ЈПКД „Комуналец“ PDF Print


ЈПКД „Комуналец” – Струмица

Ул.„24 Октомври” бр. 2 , 2 400 Струмица

Директор: Зоран Горгиев

ЕДБ:4027989105248

МБ: 4078837

Тел: 034 346-341

Факс: 034 346-548

е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

жиро сметка : 200000003051321 – Стопанска банка

жиро сметка: 300030000082630- Комерцијална банка

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец” – Струмица е претпријатие чија основна мисија е :

-       Обезбедување услови за непрекинато снабдување на нашите корисници со вода за пиење;

-       евакуација на атмосферските води од урбаните површини ;

-        отстранување и пречистување на отпадните води;

-       Одржување на градската инфраструктура, заштита и разубавување на животната средина;

-       Континуирано собирање, транспортирање и депонирање на отпадот;

-       одржување на јавна чистота;

-       одржување на јавното зеленило;

-       организирање и управување на пазари;

-       Одржување на градски гробишта и градска капела.

ЈПКД „Комуналец” – Струмица секогаш води  политика на квалитет. Се трудиме целите на претпријатието да бидат ускладени со потребите и очекувањата на корисниците на нашите услуги.

Намалување на трошоците за здрава и чиста  вода за пиење , заштита на животната средина и чист град и квалитетно уредени зелени површини се очекувањата на нашите корисници, кои се трудиме да ги исполниме.