Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

ПОЧЕТНА

СИСТЕМ ЗА ИНТЕГРИТЕТ

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

 

Што е интегритет?

Концептот на интегритет е составен дел на системот на добро владеење. Кога се зборува за добро владеење, во основа се мисли на градење и негување на духот на интегритет на лично и институционално ниво, со што би се поттикнала и би се обезбедила независност, професионалност и отчетност во извршувањето на надлежностите утврдени со закон и други прописи.

На ниво на една организација, интегритет значи „отпорност на корупција“, додека системот за интегритет го означува збирот од сите политики, стандарди и процедури воспоставени во една организација кои ја зајакнуваат нејзината отпорност кон корупцијата и го намалуваат ризикот од коруптивно однесување од страна на нејзините вработени.

На лично ниво, интегритет значи поседување на знаења и вештини, но и личен етички капацитет, решителност и професионалност да се почитуваат воспоставените правила и практики и секогаш да се работи во полза на јавниот интерес, да се одбегнува можниот судир на интерси и да не се придонесува за создавање негативни и штетни услови и околности во работењето.

 

Што е Корупција?

Под корупција се подразбира „искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за стварување на каква и да било корист за себе или друг“ (Закон за спречување на корупција).
Со други зборови, корупциајта е штетна појава која постојано треба да се држи под контрола, злоупотреба на дадените јавни овластувања и положба за да се дојде до корист која не би требало да му припаѓа на службеното лице и кое на јавните работи им пристапува од користољубиви мотиви.

 

Што е судир на интереси?

Судир на интереси е состојба на судир меѓу јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице во кој приватниот интерес влијае или може да влијае врз извршувањето на неговите јавни овластувања и должности.

 

Што е систем за интегритет?

Збир на правила, процедури, политики и етички норми, сеопфатен дијапазон  политики, мерки и постапки воведени во општината, за да се зајакне отпорноста на корупцијата, кои:

●    го намалуваат ризикот од корупција на локално ниво;
●    го градат и негуваат духот на интегритет на лично и на институционално ниво;
●    ја поттикнуваат и обезбедуваат независноста, професионалноста и отчетноста во извршувањето на надлежностите утврдени со законите и со другите прописи;

Системот содржи структурирани упатства со детали за процесот на обезбедување сообразност со утврдените правила во општината.

 

Зошто ваков систем?

Градење на ефективна структура што е отпорна на корупција и доволно регулирана е клучна за заложбите во борбата против корупцијата, со цел зголемување на  отпорноста на општината на корупцијата.
Воведувањето на овој систем нуди предности на општината, вклучително зголемување на ефективноста на општината, заштеди и подобар углед.


© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544